Европскиот ракометен првак Вардар со победа ја заврши 2017 година во ЛШ. Во Скопје, прегазен беше шведски Кристијанштад, кој е совладан со убедливи 31-15. Четата на Гонзалез го здроби противникот, но на тој успех кумуваше феноменалниот Арпад Штербик кој им наби комплекс на противниците со своите одбрани. Вардар со победата останува лидер во групата „А“ и е во пол-позиција за освојување на местото кое води директно во четвртфиналето. Наредниот меч во ЛШ се игра дури во февруари, кога се гостува кај Барселона.