Долго време ракометарките на Вардар го ловеа водството. На моменти изгледаше и невозможен подвигот да се стигне предноста на Будуќност. Но, кога се има врвен голман како Лејно, тогаш не постои противник кој не може да падне. Така по инспирација од одличната Французинка, ЖРК Вардар конечно го совлада Будуќност (26-24) и потврди дека нема непобедливи во женскиот ракомет во Европа.






































