Честата опуштеност, тага и жал по пропуштената шанса во полуфиналето, знаела Хрватите да ги чини многу медали во минатото. Но, попладнево во меч, во кој македонските судии Николов и Начевски добро си ја завршија работата, Хрватска конечно ги спои „коцките“, најде хемија и ја совлада Норвешка со и повеќе од убедливи 24-31, доволно за бронза. Дувњак диригираше, Златко Хорват противниците не можеа ниту да го видат, а Стевановиќ на голот е голман за цела една деценија. Бабиќ се радуваше со своите најблиски на трибините, а хрватската нација го слави 13. медал на ракометната репрезентација во историјата.