Кошаркарите на Пелистер го претрпеа првиот сезонски пораз на домашен паркет во салата „Боро Чурлевски“ во третото коло на АБА-2 лигата против Џокер. (77-81). Клубот чиј сопственик е еден од најдобрите светски кошаркари Никола Јокиќ успеа во драматична завршница да „преживее“ и да слави триумф. Овој резултат ја отежна мисијата на пелистерци да се пласираат во нокаут фазата.


















































