Еурофарм Пелистер одигра респектабилен меч и му парираше на гигантот Кил, меѓутоа го претрпе третиот пораз во Лигата на шампионите (20-23). Германскиот колектив првпат гостуваше во Битола, а иако важеше за огромен фаворит, тимот на Филип Јиха не мина лесно. „Чкембарите“ и полните трибини направија одлична атмосфера, беа осми играч на пелистерци во текот на целиот меч, меѓутоа на крајот искуството пресуди.