Фудбалерите на Тиквеш одиграа нерешени 1-1 против лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Љум. Пресметката на „Градскиот стадион“ во Кавадарци мина во знакот на изедначената игра, домашните поведоа и потоа успешно се бранеа. Стружани не успеаја од игра да го загрозат домаќинот, ама затоа Кочоски маестрално од слободен удар донесе бод за својот тим.