Со овој Тиквеш нема шега. Ракометарите на кавадаречкиот суперлигаш продолжуваат со перфектниот старт на сезоната. Тиквеш ја запиша третата победа од исто толку натпревари во групата и заедно со Алкалоид се единствените две екипи со максимален број бодови. Вечерва со наведната глава од салата „Јасмин“ си замина тимот на Струга, кој беше совладан со сигурни 27-22 (14-10). Симиќ и Мајиќ со по шест гола беа најдобри во таборот на Тиквеш, додека прв стрелец за Струга беше Бугариновиќ со осум погодоци.