Суспензијата на првиот тренер на екипата, Синиша Матиќ не ги поколеба кошаркарите на Карпош Соколи да покажат дека на својот терен не даваат бодови оваа есен. Победен е засилениот и морално охрабрен Кожув со 92-73 и МЗТ Скопје не може да побегне. Допадлива и енергична кошарка ги красеше сите 40 минути, а странските кошаркари ја направија разликата во двата табори. Штета за празните трибини и уморот на гевгеличани, инаку можеше да биде и уште поквалитетно.








Кошаркарите на Карпош Соколи и Кожув во акција






















Петар Наумоски и Стевче Јакимовски








Кошаркарите на Кожув на меч од домашното првеннство



Кукулекидис протестира кај судиите


Кошаркарите на Карпош Соколи прославуваат










