Селекцијата на Бразил го приреди најголемото изненадување во главната групна фаза во Келн, откако денес му го нанесе првиот пораз на Мундијалот на моќниот хрватски тим. „Кариоките“ го совладаа тимот на Червар со 29-26 (17-13) и ја замрсија групата. Сега во неповолна ситуација се наоѓа Хрватска, која е пред елиминација од Мундијалот, а Германија и Франција се во пол-позиција за пласман во полуфиналните мечеви. Останува да видиме, каков расплет ќе донесат наредните дуели и дали „каубојите“ на Лино ќе успеат да направат чудо...