Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победата над Алкалоид (32-28) го потврдија пехарот во Суперлигата. Битолчани осми пат во историјата станаа шампиони на Македонија, одбранувајќи го тронот од предизвикувачите. Вардар не дочека кикс на старо-новиот првак и битолското славје започна по натпреварот. Новиот капитен Филип Кузмановски го крена пехарот, а тоа значеше почеток на славјето кое веројатно ќе трае до доцна во ноќта.