Гласот на Касим Каменица постојано се слушаше во текот на 60-те минути од мечот на Пелистер против Алингсас. Шведскиот вицешампион наиде на многу мотивиран и подготвен ривал и сосема поинакво беше изданието на пелистерци за разлика од синоќа. Алингсас славеше со 26-23, но напредокот во играта на битолчани беше видлив. Струшката публика уживаше во спектаклот и овој меч беше еден од погледливите на турнирот. Веројатно таков ќе биде и утрешниот меѓу Еурофарм Работник и Пелистер кој во Струга се очекува и повеќе од финалето.




































