Избраничките на Индира Кастратовиќ како и нивните колеги од машкиот ракометен клуб, но и оној фудбалскиот, дојдоа до титулата првак на Македонија. Новата, четврта круна во историјата на клубот беше освоена на доминантен и убедлив начин, без ниту една мала потенцијална пречка. „Црвено-црните“ девојки покажаа дека се светлосни години во однос на останатите сопернички во лигата, па така на крајот сосема заслужено се израдуваат на успехот.




























