Првиот меч од 22. коло на ПМФЛ целосно разочара. Работнички и Ренова останаа должни и одиграа меч во кој ниту една од двете екипи не заслужи повеќе од бод (0-0). Дури и гледачите коментираа дека како играа и едните и другите ниту бод не треба да освојат. Зрели шанси скоро и да немаше, па во бележниците стојат млаки удари од далечина, гужви пред двата голмани и инвидуални обиди. За екипи кои играа во Европа минатото лето дефинитивно премалку.