Михаел Јурецки во улогата на Кире Лазаров од мечот Македонија – Норвешка одигра феноменален меч (9 гола од 11 обиди), а Полска без проблеми ја совлада Белорусија дури и претесно со 32-27, иако доминираше во текот на сите 60 минути и во вториот дел ги штедеше силите. Полските ракометари ни покажаа како треба да играме против Белорусија, која без повредениот Сергеј Рутенка на моменти изгледаше како едвај да „чекори“ на теренот. Таа белоруска немоќ в среда треба да се искористи и да ја зграпчиме првата победа победа.