Македонскиот првак Вардар со победа ја заврши групната фаза од ЛШ и го потврди првото место кое води директно во четвртфиналето. Во Скопје падна Кристијанштад (31-29), што воедно и беше јубилеј за „црвено-црните“ - 100. меч во ракометната елита. За македонскиот првак ова е четврти триумф во историјата над шведскиот тим. Во четвртфиналето Вардар ќе го чека подобриот од мечот меѓу Мешков Брест и Фленсбург.