Како никогаш досега Охридскиот пливачки маратон се одлучуваше во фото-финиш, нашето задоволство беше поголемо со тоа што двајца македонски пливачи се бореа за победата. Стефановски се снајде и го искористи киксот на помладиот Поп Ацев и стигна прв до целта за да ја заслади својата најавена пливачка пензија. Подоцна беше констратирано дека Поп Ацев за малку го загуби и второто место и заврши како третопласиран.
















