Само пет дена работа на новиот стручен штаб и веќе се гледа поинаков Еурофарм Пелистер. Триото Јовиќ-Зарков-Шундовски извади максимум од тимот за краток период, практично без ниту еден тренинг со комплетен ростер. Одличен пристап, витештво, тактички промени во двете фази и заслужена победа против многу сериозен ривал како хрватскиот Нексе. Финалните 27-23 дури се и неубедлив пораз, како се одвиваше натпреварот и колку битолчани беа подобри во 50 од 60 минути од натпреварот. Први позитивни вибрации за пелистерци, кои ја темпираат формата за крајот на март и првиот дуел со Вардар 1961 во плеј-офот.