Екипата на Еурофарм Пелистер 2 имаше одлично деби на меѓународна сцена и со задоволителен резултат се враќа од гостувањето кај Алпла Хард во рамките од првото квалификациско коло во Европската лига. Битолскиот суперлигаш долго време играше рамо до рамо со фаворизираниот домаќин, но во финишот попушти во концентрацијата и за дома се враќа со пораз од три гола разлика (24-21). Поразот од три гола е вистински повод за нов спектакл во Битола на реваншот кој што на програмата е следниот викенд.