Кога ќе се загуби со 0-9 во било која категорија не постои оправдување и алиби. Само 100 гледачи во комплексот „Петар Милошевски“ го видоа срамот на нашите девојки кои делуваа само као лоши спаринг партнери на Словенија во квалификациите за следното европско првенство. Скоро секоја втора акција беше шанса пред нашиот гол, а единствено добро е што не примивме двоцифрен број на голови, за да ловиме некој негативен рекорд. Иста „песна“, ист епилог од нашиот и така редуциран женски фудбалски колектив.






















