Финалето на петтото издание на Ф4 на СЕХА лигата потврди дека меѓу Вардар и Веспрем разликата е во нијанси и дека неизвесно до последниот атом од силите ќе биде и на 23 и 30 април кога се играат двата четвртфинални меча од Лигата на шампионите. Вардаровите промашувања и одбраните на Мирко Алиловиќ се причината за поразот на македонскиот шампион од 26-24. 60. минути во Вараждин потврдија дека ова натпреварување добива нова димензија и нема повеќе калкулации како некогаш. Вардар втор пат губи СЕХА финале по поразот пред три години од ППД Загреб во Скопје.









































