Двајца ракометари на Вардар од следната сезона Јоан Канељас и Иван Чупиќ се во центарот на вниманието на нашата јавност на Ф4 на Лигата на шампионите во Келн. Шпанецот е магнет и за германските медиуми, бидејќи заврши голема работа во двомечот против Барселона во четвртфиналето. Многу автограми, фотографии и позитивни вибрации подели Канељас на офиијалното отворање на седмиот завршен турнир на Лигата на шампионите во „Ланксес арената“ во Келн.














