Историја за Кавадарци, историја за Тиквеш. Клубот во првото учество во финалето од Купот на Македонија во дуелот на дебитантите успеа да слави над Воска Спорт (2-1) и така дојде до значајното одличје со кое си обезбеди и европско лето. Околу 10.000 навивачи на Тиквеш пристигнаа на Арената „Тодор Проески“ и бурно го прославија големиот триумф. Ќе биде ова долга ноќ за Кавадарци, каде сигурно дека ќе се слави до раните утрински часови...