Победата на хрватската ракометна репрезентација против Полска ќе се коментира со денови. Пан-дан на фудбалската победа на Германија над Бразил на Мундијалот пред две години и еден од најголемите подвизи во спортот воопшто! Стотина хрватски навивачи обоени во националните бои и во првите часови од новиот ден во големиот хотел „Хемптон Хилтон“, каде се сместени сите репрезентации на шампионатот, ја славеа победата. Се слушаше навивачка песна, се наздравуваше со алкохолни пијалаци, а скоро сите останати гости во хотелот или случајни минувачи уживаа во начинот на прослава. Хрватскиот ракомет оваа вечер доживеа големо враќање во самиот континентален врв.