Во дуел кој во многу нешта наликуваше на првото полуфинале, Еурофарм Пелистер по четврти пат оваа сезона го совлада Бутел Скопје и избори финале на Купот. Победата од 25-21 покажува колку цврста беше битолската одбрана, но посебно импресивни беа првите триесет минути. Божиќ Павлетиќ и Мандалиниќ се разиграа и најавија дека пелистерци добро се подготвиле за уште еден дуел со Вардар 1961. Неделното финале треба да биде убава „јаготка на врвот на тортата“ за оваа натпреварувачка сезона.