Пред точно четири години во Белград, на денешен ден (21 јануари) доживеавме трагедија со примениот гол на Линдберг, а денес во тажен натпревар моравме да им подадеме рака на поквалитетните хрватски ракометари. Финалните 24-34 покажуваат разлика во класи, лош пристап, немоќ при реакциите. Македонија немаше „крв“, енергија и позитивна дрскост, а нашите репрезентативци мораат од главите да го избришат овој натпревар. Хрватска доминантно нè спушти на земја и ни даде причина да работиме за в понеделник да не изгледаме вака против Норвешка.



























Филип Кузмановски во акција




















