По Никола Карабатиќ, уште една ракометна легенда ја почувствува атмосферата во битолската сала „Боро Чурлевски“. Еден од најдобрите на сите времиња, Микел Хансен, со својот Алборг виде мака во Битола против борбениот Еурофарм Пелистер, но сепак, на крај бодовите заминаа за Данска (28-33). Пелистерци го одиграа најдоброто прво полувреме во Лигата на шампионите оваа сезона, а битолската публика одново покажа како се сака и бодри својот тим, па на крај доби искрени честитки и аплаузи од Хансен и останатите ѕвезди на данскиот тим.