Микел Хансен ги сруши сите рекорди оваа сезона во Лигата на шампионите и во тој стил со 10 гола го заврши овогодишното издание. ПСЖ кој важеше за еден од фаворитите за европската круна брзо се созеде од поразот од Киелце и долго без Никола Карабатиќ успеа да го најде лекот за Кил (29-27). По третпат во последните четири години „зебрите“ се последни на Ф4 на Лигата на шампионите што треба да го загрижи трофејниот германски клуб. Во мечот кој најмалку сакаат да го играат професионалците ПСЖ дојде до малку утеха по неуспешниот обид да стане европски првак во својот прв завршен турнир.










































