Денес во Краков е слободен ден, но во Вроцлав се играат мечеви од Ц групата на Европското првенство. Унгарија – Германија и Шпанија – Шведска ќе ја отворат главната групна фаза во Вроцлав. Салата каде се играат натпреварите, „Хала Стулеча“, е историско здание изградено од Макс Берг во 1911 година. Капицитетот за ракометни натпревари е 6.500 гледачи и на голем дел од мечевите до овој момент беше исполнета. Ако Македонија ги победи Норвешка и Белорусија, тогаш ќе игра за пласман, а натпреварот за седмото место се игра токму во Вроцлав. Вековната „Хала Стулеча“ ги очекува Лазаров и „Фалангата“. Ќе имаат ли сили „црвено-жолтите“ да останат докрај на турнирот?