Трката на Вардар и Шкендија и оваа пролет најверојатно ќе биде неизвесна коло по коло. По почетните пролетни натпревари фаворитите уште потешко ќе губат бодови, а со тоа почесто ќе гледаме голеади. Бобан Грнчаров се претвори во голгетер и со два гола ја обезбеди победата од 4-0 против Брегалница. Барем една ноќ лидерот ќе „преспие“ со +8 пред Шкендија, што е и повеќе од чувствителна предност. „Ракавицата“ е фрлена кај тетовчани.