Македонските навивачи се доминантни на трибините на „Олимпија Хале“ во Минхен. Националниот тим пак ќе се чувствува како дома, бидејќи нашите навивачи од целиот контитент пак јануарски се обединија за да им дадат поддршка на Лазаров, Ристовски, Манасков и другарите. Јапонски фанови скоро и да нема, а само хрватските навивачи, благодарение на големата колонија во Минхен, се закана дека ќе ги надвикаат членовите на „Фалангата“.




























