Ако може да се оцени според однесувањето на македонските ракометари на неполн час пред почетокот на мечот со Норвешка, можеби денес е вистинскиот ден за првата победа на европското првенство во Полска. Момците на Обрван се во жолти дресови и можеби токму во третата гарнитура на дресови ќе ни тргне да се израдуваме на првата победа во Краков. Говорот на телото дава можност да бидеме оптимисти пред мечот со Норвежаните.