Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Алкалоид со 27-25 (13-12), во рамките на второто коло во плеј-офот на Суперлигата на Македонија. Младиот тим предводен од селекторот на Македонија, кој првпат дојде како ривал во битолската сала, пружи солиден отпор, ама фаворитот ја обезбеди победата со два врзани гола на крајот на Денис Васиљев.