Екипите на Тиквеш и Охрид одиграа тврд и неизвесен натпревар во седмото коло од плеј-офот во македонската Суперлига, а триумфот му припадна на гостинскиот тим, кој успеа да слави со 22-25. Со овој триумф „гладијаторите“ дополнително ја направија трката за Европа уште повозбудлива, и во последниот круг од шампионатот влегуваат како третопласирани со два бода повеќе од Алкалоид и три во однос на Тиквеш. Најефикасни кај победниците беа Гал Цирар со седум гола и Гоце Ојлески со уште пет, додека кај Тиквеш најдобар беше Срѓан Мијатовиќ со шест погодоци.