Три дена кошаркарски празник, седум машки и три женски мечеви, исполнета сала и задоволни лица. Гевгелиските девојки ѝ дадоа посебен шарм на натпреварувањето и уживаа во кошарката. Недостигаа само навивачи на останатите клубови за спектаклот да биде потполн. Гевгелија го положи тестот како нов кошаркарски центар во нашата земја.





