Кога почетокот на мечот започна како што Германија го подготвила, јасно беше што ќе ги снајде Шпанците. Ниту одличниот Штербик не успеа да ја истопи предноста, која како времето изминуваше се зголемуваше. Волф бранеше во голем стил, одбраната ги одби предвидливите шпански бекови, брзите крила на Шпанија не ни се забележаа во контри, туку такви контранапади реализираа Германците. Со таа доминација светскиот првак од пред три години беше сопрен на неверојатно мал број на голови. Затоа ова финале и оваа победа од 24-17 ќе остане запаметено како една од најдобрите ракометни лекции во историјата.