Многу скептично беше испратена на ова Европско првенство, но Германија и без Генсхајмер и Грецки и без ас од светска класа покажува „мускули“. Авторитетно го „растури“ новиот подмладен унгарски тим на Талант Душебаев, кој личеше на група на инвидуалци, а не на тим (29-19). Германија, како една од најбрзите репрезентации на турнирот, може да биде „нагазна мина“ за останатите тимови кои го „меркаат“ полуфиналето.














































