Фудбалската репрезентација на Турција има голема поддршка на „Телеком арената“ во Скопје од своите навивачи. Голем број турски фанови се појавија на нашиот најголем стадион да ја поздрават својата омилена репрезентација. Носат дресови на Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ, Трабзон, екипи кои се лути ривали, но тоа кај нив не е важно, додека игра нивниот миленик Турција.

















