Женската ракометна селекција на Македонија ги изврши последните подготовки за реванш натпреварот против Полска, чиј влог е пласман на Светското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски ги подели последните совети во битолската сала, која утре по дола пауза одново ќе биде домаќин на натпреварот од репрезентативен карактер. Фантастичниот финиш во Полска ни дава надеж дека оваа селекција има квалитет за големо нешто и пласман на Светско првенство по пауза од 18 години. На првиот натпревар Полска славеше со четири гола разлика.




































