Иако можеби по квалитет натпреварот во Прилеп меѓу Победа и Тиквеш не беше на очекуваното ниво, сепак по амбиентот, залагањето и тензијата целосно го положи испитот. Фудбалот се врати во Прилеп, екипата пулсираше со момците на Бабунски, но остана разочарана од поразот. Можеби домаќинот и не беше надигран, но Тиквеш покажа зрелост и искуство, нешто што во Победа го има само Тофилоски на голот. Два корнери и две индивидуални грешки го одбележаа дуелот, а во првиот од нив Мишов го постигна голот вреден три бода (0-1). Секоја чест на „Мајмуните“ и „Лозарите“ и фудбалскиот амбиент за одушевување во Прилеп.