Тамам првите луѓе на ЕХФ се пофалија со рамноправен турнир и многу мечеви кои се решаваат во последните минути, дојде мечот кој личеше на нерамноправен дуел на мачка против глушец. Франција така го надигра белорускиот тим, што финалните 34-23 дури и не откриваат колку голема разлика од квалитативни категории беше видлива на теренот вечерва. Карабатиќ беше лидерот, а Онеста најде време и место секому да му подари минути и голови во овој тренинг натпревар.

























































