По подолго време македонскиот навивач беше горд на своите репрезентативци, горд на нивното залагање, на сите детали кои покажаа дека Македонија може да му парира дури и на Франција. Ремито 2-2 против Франција денес покажа креација и инвентивност во нашата репрезентација до 21 година и барем малку надеж дека не е сè така црно во нашиот репрезентативен фудбал. Ако бевме малку полуцидни, денес ќе се радувавме и на голема победа против еден моќник на европскиот фудбал како што е Франција. Но и вака важно е што народот си замина задоволен и горд на своите репрезенти.
Дуел од натпреварот Македонија - Франција
Виктор Ангелов во дресот на репрезентацијата до 21 година
Младата фудбалска репрезентација на Македонија на меч со Франција
Македонија-У21-Фудбал