Победа од 3-0 во полемичен меч и блесок на напаѓачот Марјан Алтипармаковски на Работнички донесе место во финалето на Купот. Веројатно Брегалница силно ќе протестира на арбитражата на Марјан Маркоски, но впечаток е дела Работнички понуди нешто повеќе во овој двомеч. Минатата година со Ангеловски, сега со Франц, екипата од Дебар маало ќе игра во Куп финалето, само што овој пат нема тоа да биде со Тетекс, туку со многу посилната Шкендија. Купот дефинитивно е можност да се спаси сезоната за скопски Работнички.


































