Долго најавуваното редовно собрание на ФФМ траеше скоро колку еден фудбалски натпревар. Атмосферата беше мирна, кворумот исполнет, обвинувањата отрфлени. УЕФА и ФИФА ги пофалија првите луѓе на нашата фудбалска влада и покрај катастрофалната 2015 година на нашата А репрезентација. Донесени се одлуки за две втори лиги од сезоната 2016/17, а измени ќе има и во натпреварувањето на прволигашите. Претставен е и план за развој на фудбалот во периодот меѓу 2016 и 2026 година.