Победата над МЗТ Скопје како да ги опи кошаркарите на Работнички, кои загубија два последователни натпревари и значително ја расипаа својата сезона. Перо Блажевски дебитираше на клупата на „центарци“ со пораз, а Враговиќ си поигра со Работнички за победа на Фени Индустри со 66-75 сред Скопје. Славеничката атмосфера на почетокот од мечот драстично ја расипаа гостите кои полесно од предвиденото го освоија „Градски парк“.