Македонските навивачи се најбројни во Хрватска. Над 5.000 посетители во една седмица навиваа за Македонија и ги бодреа ракометарите во Вараждин, а тие им возвратија со машка борба, многу емоции и пласман во наредната фаза. Гвинеја беше потребната победа, се оствари целта, па сега следи вториот круг и битките со Франција, Австрија и Катар. „Фаланго“, десетка за навивањето за првиот, а се гледаме во вториот круг!