Европското првенство ја завршува својата втора недела од почетокот. Нашите навивачи и натаму ги има во Краков, но се далеку помалку отколку во првата групна фаза, па и од мечевите со Хрватска и Норвешка. Разретчена и помалку поспана, „Фалангата“ пристигна во арената заедно со група полски навивачи, кои се загреваат за нивниот одлучувачки меч против Хрватска. Но иако се неколку десетици, македонските навивачи сигурно ќе скандираат и пеат, а песната ќе допре во ракометарите. Белоруски навивачи воопшто нема во арената.