Македонските навивачи многу порано од противникот со песна го наполнија својот сегмент зад голот на Борко Ристовски во првиот дел. И помногубројни и повесели, црвено-жолтите во текот на целото прво полувреме се слушаа во полупразниот амбиент во „Краков арената“. Од сите места во Македонија, од Скопје, Кочани, Струга и Битола и нашите Македoнци од целата Европа, не жалеа труд и енергија да дојдат во Краков и да ги бодрат нашите најдобри ракометари.