За разлика од претходните четири средби на македонската ракометна репрезентација, на кои нашите навивачи навиваа од источната трибина, денешните нивни билети се за западниот дел од големата „Краков арена“. Се забележува дека нашата навивачка група е изменета, видно намалена, голем дел од приврзаниците на Лазаров, Манасков, Ристовски и другарите си заминаа, за да дојдат нови наши фанови, главно со автомобили. Иако на спротивната страна, сепак „Фалангата“ пее уште на загревањето на нашите момци, а така ќе биде и подоцна. А норвешките навивачи не можат да парираат, бидејќи по нивната култура на навивање во Краков пристигнаа само неколку повозрасни навивачки.