Најмладиот македонски клуб, Еурофарм Работник долго ќе го памети европското деби. Победата над литванскиот Гранитас од Каунас со 28-24, ниту е спектакуларна, ниту гарантира европска пролет во Челинџ Купот, но означува почеток на една возбудлива ракометна приказна. Амбициозниот клуб од Битола ги оствари своите цели во минатата сезона со пласманот во финалето на Купот и обезбедувањето на европски ракомет во својата прва сезона во елитната категорија. За следниот исчекор, момците на Темелковски мора да го покажат квалитет и искуство и на гостувањето во Каунас следната сабота.





























