Ракометарките на Барселона пристигнаа во Скопје по директниот чартер лет од Каталонија. Видливо беше расположението на лицата на најдобрите ракометарки при присигнувањето во хотелот Александар Палас во Скопје. Главна атракција повторно беше нашиот репрезентативец Кирил Лазаров, кој беше „магнет“ и за новинарите и за симпатизерите на ракометот и на Барселона.
Катачпонската гордост како лидер во групата дојде во Скопје, да го „одбие“ нападот на Вардар кој ќе брка одмазда за поразот од 31-30 минатиот викенд во „Палау Блауграна“. Натпреварот од осмото коло стартува утре во 17.45 часот.
Кирил Лазаров пристигна во Скопје со Барселона